Утрово претрес во домот на Груби - се бара уште еден висок функционер на ДУИ
Полицијата утрово направила претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна Лотарија на Македонија, јави Плусинфо.
Извршен бил претрес во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој не бил најден дома. Самиот тој утрово се огласи на Фејсбук дека е во Косово. Груби соопшти дека е во приватна посета во Косово, откако вчера на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија. Тој побара од јавноста да не создава шпекулации околу неговото патување.
Во рамки на големата акција полицијата трага и по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци. Неговите роднини дале ветување дека ќе се врати. Во неговиот дом е пронајдена поголема количина кеш пари, над 50.000 франци.
Груби вчера објави дека е во Косово, во приватна посета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа