Најстудено утрово е во Берово со измерени -2, додека најтопло е во Виница со 7.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ниски температури од 1 се измерени и во Струмица и Крива Паланка, додека во Скопје–Петровец, Велес, Тетово и Битола се измерени 2.

Денешниот ден ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во западните делови се очекува повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 16.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13.

Exit mobile version