Утринава од фирмата ЦБД Медплант во струмичкото Ново Село, во акција на МВР се запленети 21 тон марихуана, дознава порталот Мкд.мк.

Според пишувањето на порталот, како еден од сопствениците на ЦБД Медплант, фигурира Христијан Котев, меѓутоа во бизнис-политичките кругови за реален сопственик се смета неговиот татко, Тони Котев.

Исто така, според одредени сознанија кои ги објави порталот, Тони Котев, со прекар М’гцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село и низ годините имал повеќе бизнис-релации со Вице Заев.

Ова е втора поголема заплена на марихуана во рок од три дена. Завчера, во акција во фирмата Алфа Фарм ДОО Скопје, во кругот на поранешната фабрика ОХИС беа запленети 27 тони марихуана.

Exit mobile version