Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, кој во североисточните делови ќе биде повремено засилен, соопшти УХМР.
Од УХМР информираат дека под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.
До недела ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во јужен.
