Утре времен режим на улица „Тодор Александров“ поради градежни активности

Заради извршување на градежни активности за реконструкција на улицата „Тодор Александров“ утре во период од 8:30 до 16:00 часот ќе биде воведен времен сообраќаен режим на потегот од ИЗИИС до последна автобуска постојка број 3 на Водно, информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

Екипите на јавното претпријатие ќе го асфалтираат овој потег со втор слој асфалтна маса ЕСМ и поради асфалтирањето целиот овој потег ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација до завршување на градежните работи.

24.11.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа