Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во новата сезона стартува со целосно обновена енергија и свеж изглед. Посетителите ќе ги пречекаат ново осветлување, ребрендирање и перфектно подготвен мраз.

-ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО НОВАТА СЕЗОНА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ПОЛН СЈАЈ!

Ново осветлување

Ребрендирање

Перфектен мраз

Оваа година љубителите на лизгањето ќе уживаат во одличните услови на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски”.

Се гледаме утре (29.11.2025, сабота) на официјалното отворање на новата лизгачка сезона, објави на социјалната мрежа на Фејсбук, директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Данијел Апостоловски.

Exit mobile version