Реката Пчиња кај селото Драгоманце денеска беше место на голема празнична радост. Средношколецот Матеј Стојановски од селото Младо Нагоричане е најсреќниот меѓу триесетина верници кои скокнаа во студените води по чесниот крст.

За својата храброст и среќа, Матеј беше награден со пригодни подароци од Општина Старо Нагоричане. Младиот Стојановски, кој со гордост го извади крстот, стана симбол на продолжување на вековната традиција во овој крај.

Exit mobile version