Утре од 8:30 до 15 часот дел од Аеродром без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Зелениково, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Долно Лисиче и делот кон Драчево во општина Аеродром.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од бул. „Видое Смилевски Бато“ спроти ПСС Ново Лисиче – блок 1, 3, 5, 9, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Зелениково околу Млекарата

14.12.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега