Утре нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утре ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 минатата недела се зголемија за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се сменија, односно останаа на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,552 денар/килограм и сега изнесува 38,395 ден/кг.
Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)
Останува да видиме дали не очекува ново поскапување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа