Утре ќе се знае дали ќе има и петта вонредна состојба- Пендаровски ќе има обраќање
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, утре претпладне ќе има обраќање на кое ќе каже дали ќе прогласи, нова, петта по ред вонредна состојба, пред истекот на постоечката која завршува во сабота. Тој ќе треба да одговори на сите актуелни прашања поврзани со коронавирусот, но и, на што ја темели одлуката која ја донел за продолжување или укинување на вонредната состојба. Шефот на државата ќе треба да каже дали свикал состанок на Советот за безбедност, пред да ја донесе одлуката за вонредната состојба.
Освен ова, Пендаровски ќе одговара и на прашањата поврзани со одржување на изборите, но и свикување на евентуално, нова лидерска средба за датумот на одржување на изборите.
Владата нема дадено мислење за нова вонредна состојба до претседателот Пендаровски, посочи и вицепремиерот Бујар Османи, кој најави дека ќе се направи пресек на епидемиолошките трендови по што ќе предложат натамошни одлуки до Вила Водно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа