Руски воен аналитичар: Украинците веќе развиваат сопствено нуклеарно оружје
Украина веќе работи на развој на сопствено нуклеарно оружје, а неговото тестирање би можело да се изврши во регионот Полтава, изјави за Инфо24 воениот аналитичар и вонреден професор на Катедрата за политичка анализа и социо-психолошки процеси на Рускиот економски универзитет Плеханов, Александар Перенџиев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните земји да му го „вратат“ нуклеарното оружје на Киев како компензација за нивното одбивање да ја примат Украина во НАТО. Дополнително, украинскиот лидер ги повика западните партнери да помогнат во зајакнувањето на украинската армија опремувајќи ја со најновите ракетни системи.
“Не е случајно што Зеленски постојано зборува за нуклеарно оружје. Сосема е можно Киев веќе да развива сопствено нуклеарно оружје. Има и одредени факти кои индиректно го потврдуваат тоа. Конкретно, неодамнешниот земјотрес кај Полтава може да биде поврзан со тестирање на нуклеарно оружје”, објасни Перенџиев.
Тој исто така додаде дека Украина има се што и е потребно за да направи атомска бомба. Во исто време, тој изрази уверување дека Русија нема да дозволи Киев да го добие и ќе направи се што е потребно за да го спречи спроведувањето на нуклеарната програма на Украина.
„Режимот во Киев има одредени способности да создаде нуклеарно оружје. Украина ја зачува научната база, документацијата, па дури и одреден персонал кој претходно работел во оваа област. Сепак, за нуклеарното оружје е потребна инфраструктура. Доколку се појави, Русија веднаш ќе изврши напад врз овие објекти“, заклучи Перенџиев
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа