Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (четврток, 23.07.2026 година) повеќе корисници ќе останат привремено без електрична енергија.

Во периодот од 05:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат жителите од улиците „Ѓоре Ѓоревски“ и „Анди Вемир“ во Агино Село.

Истиот ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од Горно Соње, поточно во месноста викана Коштан.

Од надлежните служби информираат дека прекините се со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето и подобрување на мрежата во овие населени места.

Exit mobile version