По одржани пет јавни расправи на државните универзитети МОН прифати низа забелешки за новиот Закон за образование. Меѓу нив, усвоено е намалување на бројот трудови во научни списанија пред одбрана на магистерки и докторски труд. За останатите барања кои се дискутабилни, работната група повторно ќе се состане и ќе одлучи што со нив. Министерката Јаневска е децидна – новиот закон за високо образование нема да биде повлечен.
„Законот навистина нема потреба да се повлече затоа што секое повлекување и одлагање на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи дека е на штета на студентите и младите луѓе“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Важно е да се креираат програмите согласно потребите на пазарот на трудот, порачаа и организаторите на Саемот за образование и кариера кој се организира по третипат и на кој учество зедоа 12 универзитети и компании.
Станувањето рано можеби не е омилено за многумина, но е навика што ќе мора да ја усовршат сите кои сакаат да се запишат на воена академија. Идните доктори ќе треба темелно да ја изучуваат анатомијата, а патот до совршена насмевка ќе биде цел за идните стоматолози.
Со изборот на професијата младите ја кројат својата иднина, а новите законски решенија, според надлежните треба да создадат поквалитететн и пофункционален систем за високото образование.

