Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши се сретна со Бегај: Имаме исти цели да влеземе во ЕУ

    Гаши се сретна со Бегај: Имаме исти цели да влеземе во ЕУ

    27.02.2026 во 18:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
    Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека
    очекува пријателството и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште
    повеќе да се зајакнува и унапредува.

    На меѓународен план двете држави имаат исти цели и интереси а тоа е членството во Европската унија, меѓусебна поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и да ја продлабочуваат
    регионалната соработка.

    Тој изрази очекување и надеж дека две држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција затоа што тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија туку и за останатите земји од регионот од Западниот Балкан.

    Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатерални парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат скоро секоја година.

    Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и се пример за соработка во регионот. Истакна дека е подобрена соработка во многу сфери од заеднички интерес што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави Останува определбата за уште поголема соработка особено во економската сфера.
    Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и
    Албанците кои што живеат во двете земји и претставуваат мост на градење на
    стабилни и пријателски односи.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.