Уставниот суд на Република Северна Македонија започнува процес на комплетна дигитализација.
Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Судот добива современи технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком.
Новите системи овозможуваат:
- Хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема – дел од учесниците присутни во сала, а дел онлајн.
● Симултан превод за сите учесници, со можност преведувачите да бидат во сала или да работат од далечина.
● Безбедна cloud организија со повеќекратна автентикација, интерна комуникација и голем број на алатки кои покрај online состаноци овозможува и чет, аудио и видео повици, заеднички проекти и колаборација. Целосна контрола на пристап.
● Споделување на аудио видео содржини со сите учесници.
● Снимање и архивирање на сите седници и комуникации, автоматски транскрипти.
Можност за „video stream” на различни социјални мрежи и сервери.
● Електронско гласање со целосна архива и аналитика на гласањето.
Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година.
Проектот за дигитализација во Уставниот суд ќе биде промовиран во понеделник (29.09.2025) во рамки на билатералната средба со делегација на уставни судии од Република Турција.