Close Menu
Press24
    Најново

    Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

    08.04.2026 во 15:57

    Штипјанецот обвинет за убиството на Борјанка тврди: „Никогаш ни кокошка не сум заклал“, за смртта обвини „млади луѓе со вреќи“

    08.04.2026 во 15:44

    Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“

    08.04.2026 во 15:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието
    • Штипјанецот обвинет за убиството на Борјанка тврди: „Никогаш ни кокошка не сум заклал“, за смртта обвини „млади луѓе со вреќи“
    • Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“
    • Голема полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода 18 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
    • Голем инвестициски циклус во Шуто Оризари: Се реконструира „Брсјачка Буна“, се обновува водоводната мрежа
    • Полицијата со полни раце работа: Регистрирани осум случаи на семејно насилство за само еден ден
    • Мицкоски признава дека цените се високи: Нема да дозволиме пазарно дивеење на маркетите, следуваат нови мерки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

    Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

    08.04.2026 во 15:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026).

    При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, како и темелните вредности на уставниот поредок, владеењето на правото и поделбата на власта.

    По поведувањето постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите, Собранието наместо да постапи согласно ставовите на Уставниот суд изразени во Решението за поведување постапка од 24 декември 2025 година, изврши ново намалување на коефициентите на платите на судиите, па Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите од 25 февруари 2026 година и истиот да го поништи како спротивен со член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 4, членовите 51 и 54 и Амандманот XXV на Уставот на Република Северна Македонија.

    Коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството. 

    Популарно

    Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

    08.04.2026 во 15:57

    Штипјанецот обвинет за убиството на Борјанка тврди: „Никогаш ни кокошка не сум заклал“, за смртта обвини „млади луѓе со вреќи“

    08.04.2026 во 15:44

    Меџити: Над 40 домаќинства добиваат приклучок на водоводната мрежа на улицата „Аврам Писевски“

    08.04.2026 во 15:35

    Голема полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода 18 возачи, меѓу нив и малолетници

    08.04.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.