Close Menu
Press24
    Најново

    Уставен суд: Партиите да не ја користат активноста на судот за партиски пресметки и собирање на политички поени

    12.07.2026 во 11:46

    Карол Межеван од Светска банка за МИА: Северна Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, потребни се структурни реформи

    12.07.2026 во 11:42

    Акција и на Бистрица: На непристапен терен се заглавиле тројца планинари

    12.07.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставен суд: Партиите да не ја користат активноста на судот за партиски пресметки и собирање на политички поени
    • Карол Межеван од Светска банка за МИА: Северна Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, потребни се структурни реформи
    • Акција и на Бистрица: На непристапен терен се заглавиле тројца планинари
    • (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка
    • СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори – ќе ги распише крајот на оваа година
    • Петровден: Тивката, дискретна и милозлива сопруга, која стои зад делата на св. Петар и која го придружувала на неговите патувања
    • Спасувачка акција на Матка: Извлечен турист – се изгубил кај пештерата Врело
    • И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Уставен суд: Партиите да не ја користат активноста на судот за партиски пресметки и собирање на политички поени

    Уставен суд: Партиите да не ја користат активноста на судот за партиски пресметки и собирање на политички поени

    12.07.2026 во 11:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. 

    „Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и стекнување политички поени. 

    Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно,  Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и  пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава  оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани.“, велат од Уставниот суд. 

    Додаваат дека Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка. 

    „Воедно, Судот апелира политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок.

    Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители. 

    Затоа, недозволени се и апсурдни квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“. Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните“, стои во соопштението на Уставен. 

    „Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка.

    Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991 ). 

    Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државта“, велат од Уставен суд.

    Прочитај повеќе

    Акција и на Бистрица: На непристапен терен се заглавиле тројца планинари

    12.07.2026 во 11:40

    (ВИДЕО) Младеновска: Тошковски – криминалец преку прозорец ти избега од полициска станица, дај си оставка

    12.07.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.