Уште една евакуација утрово: Се празни зградата „Флатајрон“ во скопска Кисела Вода

И зградата „Флатајрон“ или популарната пегла во скопска Кисела Вода утрово била на мета на дојавувачите на бомби. Според информациите кои ги потврди МВР во оваа зграда исто така пристигнала дојава дека е поставена бомба. Станарите се евакуирани а МВР врши антитерористички проверки.
Истовремено дојави за бомби стигнаа и во 7 скопски училишта, во трговските центри Бисер и Ист Гејт, на Железничката станица во Скопје и во Полициската станица Беко, во скопски Центар.
Ова е прв пат дојави за бомби да пристигнуваат на места каде што се концентрираат поголем број на луѓе. Завчера, за прв пат дојава за бомба имаше и во државна институција, односно во зградата на НБРМ.

09.12.2022 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа