Вчера на свои 28 години, животот го изгуби фолк пејачот Срѓан Гајиќ. Тој зад себе остави мал син Андреја и младата сопруга Исидора, која се огласи на неговиот Инстаграм профил и ги објави тажните вести.

На социјалните мрежи веќе два дена пријателите и колегите се простуваат од него.

Како што пишуваат српските медиуми, младиот пејач животот наводно го изгубил од корона вирус, а неговата колешка и Гранд ѕвезда, Јелена Гербец, која му пееше на свадбата, не може да поверува што се случило.

Тие неодамна и настапуваа заедно на еден роденден, па пејачката сосем скршена напиша:

„Многу, многу ми е жал… Најискрено сочувство до целото семејство… Нека ти е лесна земјата“, напиша таа.

Од него се простија и голем број други ѕвезди.

Тој во јавноста беше познат како пејач кој пееше насекаде, а не ретко се случуваше да запее заедно и со пејачите од најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“.

Но за жал ја изгуби битката од болеста и зад себе ја остави сопругата Исидора со која пред само неколку дена прослави годишнина од бракот, како и синот Андреја кој има нешто повеќе од девет месеци.

Еве што напиша своевремено неговата сопруга за нивната љубов:

„Љубовта е нешто што не може да е објасни со зборови, колку и да се обидуваме да го направиме тоа. Можеби токму затоа јас најмногу сакам кога тој пее или ме гледа додека мисли дека спијам. Спокојот кога ќе се разбудам таму каде што е тој или среќата кога после патување ќе го видам на вратата бакнежот во чело во доцните ноќни часови кога ќе се појави.“

„Некои насмевки во минување и довршени реченици кога најмалку се надевате. Можеби и тоа што од првиот ден ме нарекуваше своја, или само така ме сакаше секој пат, повеќе не знам, всушност не мораше никогаш на глас да го изговори тоа, секогаш знаеше да го покаже, а јас да го почувствувам. “

„Својот грб знаеше да го подметне без и еден мој збор, просто да препознае кога повеќе немам сила. Да биде тука кога најмногу треба, да молчи и да гледа, со насмевка да ми го обои денот и да ми ја поправи годината. Да биде мирно пристаниште во кое секогаш бегав и сигурно раме на кое секој пат се потпирам. Просто да ме сака, да го сакам… Заради сето тоа што бевме, што сме денес и што ќе станеме јас не можев да замислам подобар татко за својот син, подобар потпирач за нашето семејство и подобар маж за мој маж“ – напиша неговата сопруга на својот Инстаграм профил.