Уште еден посилен земјотрес ја стресе Романија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска околу 15 часот и 5 минути по македонско време повторно ја потресе Романија.

Земјотресот се случи на истокот на земјата, недалеку од границата со Србија.

Првата процена на EMSC беше 5.2, но потоа беше малку намалена. Земјотресот беше на длабочина од 16 километри и засега не се пријавени штети.

Минатиот месец исто така посилен земјотрес од 5.2 степени по Рихтер ја стресе Романија, при што следеа десетици послаби афтершок земјотреси изминатиов период.

20.03.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега