Управниот суд ќе ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и МОРО

 

Управниот суд денеска треба да ги разгледува тужбите на Левица, СДУ и на МОРО Работничка партија, на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15 јули.

Управниот суд вчера ги одби тужбите поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и тужбата на Интегра.

Во текот на вчерашниот ден две тужби против одлкуките на ДИК поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. До Управен пристигнаа и две тужби од партијата Демократи, една од Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МОРО Работничка партија.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд, според роковникот за изборни дејствија, е должен да донесе одлука најдоцна 60 часа од приемот на тужбата.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување  конститутивната седница на Собранието е 4 август.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега