На 23.03.2026 година во 21:00 часот, во село Чегране, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ш. (31) од истото село, поради сомнение за сторено кривично дело „противправно одземање патничко возило“ по член 242 од Кривичниот законик.
При претрес во дворот на лицето, беше пронајдено патничко возило „Опел Корса“ со гостиварски регистарски ознаки, пријавено како одземено на 16.03.2026.
Возилото е вратено на сопственикот, а Е.Ш. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.

