Украински разузнавач тврди: Кремљ бара замена за Путин
Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов тврди дека Кремљ бара замена за рускиот претседател Владимир Путин поради зголеменото незадоволство поради војната во Украина.
Јусов вели дека Кремљ моментално го бара наследникот на Путин додека „кругот околу него се стеснува“. Тој тврди дека Путин станува „сè потоксичен“, дури и во границите на Русија.
„Внатре во Кремљ има се поголемо незадоволство од она што се случува. Перспективата, поточно геополитичката катастрофа на режимот на Путин, станува се помрачна. Затоа, потрагата по наследник на Путин е веќе во тек“, рече тој и додаде дека Путин повеќе не е вклучен во изборот на неговиот евентуален наследник.
Јусов не именува ниту еден потенцијален кандидат за наследник на Путин. Неговите изјави на Твитер ги пренесе Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи на Украина.
Русија јавно не ги коментираше шпекулациите за потрагата по замена на Путин и останува нејасно дали замената на Путин воопшто ќе има капацитет да ги реши проблемите во руската војска. Некои критичари го обвинија Путин што ја класифицирал инвазијата како „специјална воена операција“, наместо како „војна“, со што ја ограничила способноста на војската да започне целосна мобилизација, пренесуваат западните медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа