Украинците тврдат: Соборивме кинески дрон на своја територија

Украинските војници тврдат дека викендов со автоматско оружје собориле вооружен дрон од кинеско производство на нивна територија, објави Си-Ен-Ен.

Се работи за комерцијален дрон Мугин-5 направен од кинески производител со седиште во пристанишниот град Ксиамен, на источниот брег на Кина.

Некои технолошки блогери велат дека се познати како „Алибаба беспилотни летала“ бидејќи биле достапни за продажба до 15.000 долари на веб-страниците на кинескиот пазар.

„Мугин Лимитед“ потврди за Си-Ен-Ен дека тоа е нивниот авион, нарекувајќи го „несреќен инцидент“. Тоа е најнов пример за употреба на цивилно беспилотно летало кое е доградено и вооружено, што е знак за брзо менување на моделите на војување.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави за Си-Ен-Ен дека нивните агенти со седиште на територијата под руска контрола ги предупредиле дека оттаму е лансиран дрон и се упатил кон украинска цел. СБУ потоа го вклучи алармот со воените единици со седиште во источна Украина, во близина на градот Славјанск.

Во саботата околу 2 часот по полноќ, борците на 111-та бригада на територијалната одбрана на Украина слушнале беспилотно летало и дури виделе како трепка светлото на леталото.

Украинските власти не го коментираа овој конкретен инцидент, но експертите велат дека има докази дека двете страни во конфликтот ја користат технологијата.

16.03.2023 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега