Украина подготвувала терористички напад со „валкана бомба“ на руска територија

Украинското воено разузнавање планирало да изврши терористички напад во Русија користејќи „валкана бомба“, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува РИА Новости

ФСБ дошла до овие планови во текот на истрагата за обид за саботажа на аеродромот „Северни“ во регионот Иваново, каде што Главната разузнавачка управа (ГУР) на украинското Министерство за одбрана имала намера да оштети авиони со долг дострел.

„Конкретно, бил развиен план за испорака и поставување на т.н. валкани бомби опремени со тајмери ​​за одложување, за истовремено да се нанесе штета и да се направи областа несоодветна за живеење“, велат од ФСБ.

За таа цел, шефот на украинскиот ГУР, Кирил Буданов, создал единица со лесномоторни авиони, која требало да ги снабдува диверзантските и разузнавачките групи во Русија со оружје, како и да ја напаѓа инфраструктурата за гориво и енергија.  Координацијата на употребата на лесни авиони ѝ била доверена на воената единица бр. 3449 со кодно име „Легија“, што е дел од ГУР.

„Од почетокот на годината, оваа единица планирала и извела пет лета во Русија, при што била оштетена инфраструктура за гориво и енергија во регионите на Русија кои граничат со Украина“, додава ФСБ.

Како резултат на специјалните операции, руските безбедносни служби привеле двајца пилоти, кои признале. Еден од нив, по име Шимански, рекол дека раководството на украинското разузнавање разговарало за можноста за пренесувањр мали преносни нуклеарни полнења во Русија.

Вториот, Александар Морозов, признал дека неговата задача била бомбардирање во областа Бријанск, а целта била складиште за гориво и мазива. Неговиот авион бил оштетен, а тој бил заровен кога принудно слетал.

„Валкана бомба“ е контејнер со радиоактивни изотопи и експлозивно полнење. Кога ќе се активира, контејнерот се уништува, а радиоактивното полнење се распрскува со ударен бран, загадувајќи голема површина.

На крајот на октомври минатата година, веродостојни извори од различни земји, вклучително и од Украина, објавија дека властите во Киев подготвуваат провокација на сопствена територија поврзана со детонација на „валкана бомба“ или нуклеарно оружје со слаба моќност.

За слични намери предупредуваше и руското Министерство за одбрана, а, според нив, целта на провокацијата била да се обвини Русија за употреба на оружје за масовно уништување.

06.06.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега