Украина побара од Мексико да го приведе Путин доколку се појави на инаугурацијата
Владата на Мексико соопшти дека нема да го исполни барањето на Киев за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, доколку тој присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Мексико.
„Не можеме да го направиме тоа, не зависи од нас“, им рече на новинарите мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Шефот на Кремљ, инаку, беше поканет да присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври. Украинската амбасада го повика Мексико да постапи во согласност со меѓународната потерница за Путин и да го приведе.
Да потсетиме, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради наводи за воени злосторства, особено присилна депортација на украински деца во Русија по инвазијата на Москва на почетокот на 2022 година. Инаку, Русија не е членка на МКС, но Мексико е, пишува Киев Индипендент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа