Украина се соочува со реален ризик да остане без финансиски средства во првите месеци од 2026 година доколку пропадне договорот за користење на замрзнатиот руски имот.

Главната пречка во моментов е белгискиот премиер Барт де Вевер, кој го блокира планот за „репарациски заем“ од 140 милијарди евра. Причината е што најголемиот дел од руските средства се наоѓаат во Белгија (во „Еуроклир“), а Брисел стравува од правни последици и одмазда од Москва.

Поради ова, Европската Унија активира „План Б“ – привремен заем финансиран преку заедничко задолжување на Унијата. Ова би ѝ овозможило на Украина да преживее неколку месеци додека се финализира поголемиот механизам.

За овој план потребна е едногласна поддршка од сите 27 земји членки, каде проблем повторно е Унгарија. Дипломатите разгледуваат опција заемот да се претстави како поддршка за обнова, а не воена помош, за да се добие согласност од Будимпешта.

Европската комисија веќе го подготвува правниот текст, а претседателката Урсула фон дер Лајен увери дека европските даночни обврзници нема да го сносат товарот. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека решението ќе биде финализирано во следните денови.

Exit mobile version