Американскиот претседател Доналд Трамп и официјално ја потврди својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на претстојните избори во Унгарија. Во писмена изјава, Трамп го пофали Орбан како „силен лидер“ кој искрено ја сака својата земја и успешно се справува со предизвиците како што се илегалната миграција и зачувувањето на националниот суверенитет.

Овој потег се толкува како продолжување на нивното долгогодишно политичко пријателство, кое се зацврсти за време на мандатот на Трамп во Белата куќа. Орбан, од своја страна, често го истакнува Трамп како единствениот западен лидер кој ги разбира потребите на националните држави и се залага за мир на глобално ниво.

„Виктор Орбан заврши неверојатна работа во заштитата на Унгарија. Тој е почитуван лидер низ целиот свет и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор,“ порача Трамп во својата изјава.

Поддршката доаѓа во момент кога Орбан се соочува со силен притисок од Брисел поради неговите политики, па ваквиот „ветар во грб“ од влијателна фигура како Трамп може да биде клучен фактор за мобилизација на неговото гласачко тело.

Exit mobile version