Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, пренесува „Скопје1“ повикувајќи се на од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.
Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста. објави Скопје1.мк

