Украина и Канада денеска потпишаа голем број билатерални документи, вклучувајќи ја и Декларацијата за стогодишно партнерство, објавија украинските медиуми.
Декларацијата во името на Украина ја потпиша претседателот Володимир Зеленски, кој се наоѓа во тридневна посета на Канада, а во името на Канада премиерот, Марк Карни, објави Укринформ.
Во документот, лидерите се согласија да склучат договор за стогодишно партнерство насочен кон продлабочување на економските, безбедносните и политичките односи меѓу двете земји, како и поддршка на праведен и траен мир во Украина.


