Украдените два тони марихуана во Јосифово пронајдени во Арачиново

 

 

Неколку лица се уапсени, а пронајдена е и марихуаната која беше украдена од склад во Јосифово во раните утрински часови во петокот, јавува Телма повикувајќи се на извори од полицијата.

ТВ Клан, пак, јави дека полицијата пронашла голема количина марихуана и две пушки „калашников“.

Официјална информација од МВР сѐ уште нема за акцијата. Оттаму само ја потврдија акцијата и најавија дека деталите ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Дел од медиумите на албански јазик објавуваа видеа од Арачиново каде можеа да се забележат десетици полициски службеници, меѓу кои и припадници на специјалните сили.

Во петокот изутрината од склад во Јосифово беа украдени два тона марихуана кој бил сместен во 200 кутии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега