ЈП Македонија Пат информира дека од 07 часот и 50 минути е укината забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.
Забраната беше воведена поради врнежи од снег.
Од јавното претпријатие информираат и дека укината е и забраната за сообракај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.


