Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со голем протест пред Владата. Лидерот на синдикатот, Слободан Трендафилов, упати јасна порака: простор за договор има само до крајот на овој месец. Доколку барањата за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра не бидат прифатени, Македонија влегува во фаза на генерален штрајк.

„Ако до крајот на февруари не се договорат, следува генерален работнички протест во неработно време на кој ќе бидат повикани сите. Ќе обезбедиме превоз за да нема изговор. Март е месецот на вистината“, изјави Трендафилов.

Exit mobile version