Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти ЈСП Скопје.

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.

Апелираме до граѓаните за разбирање.

Exit mobile version