Вчера во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Д. (25) од Србија поради основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ казниво по член 225 и член 244-а од Кривичниот законик.
Имено, тој се сомничи дека во текот на 2025 година на место викано „Кралево брдо“ изградил објект без соодветна документација, што дополнително предизвикало ерозија на земјиштето и оштетување на соседни објекти, сопственост на И.И..
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Дожд и силен ветер ја затворија жичницата на Водно
- ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп
- Панчевски е елиминиран од трката за нов државен обвинител
- Русија го „гаси“ Телеграм: Од 1 април популарната апликација оди во историјата
- Коридор 8 станува стратешки приоритет: Муцунски утре ќе оди на важен министерски состанок во Албанија
- Полицијата веќе не толерира: Приведени осум возачи
- Димитриеска-Кочоска: Транспарентната и таргетирана државна помош е клуч за конкурентна економија
- ССМ со ултиматум до Владата: Или 600 евра минималец до крајот на февруари, или генерален штрајк во март


