Укината забраната за движење во шума и шумско земјиште

 

ЈП Национални шуми известува дека од денеска се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште и апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина.

– Поради процената дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, ЈП Национални шуми – Скопје вчера поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побара согласност за укинување на делумната и целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште, од каде што доби позитивно мислење, информираат од ЈП Национални шуми.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, донесена на 25 јуни годинава и на целосната забрана, усвоена на 3 август. 

26.08.2021 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега