Управа за јавни приходи соопшти дека е завршена постапката за регистрација и доброволна дерегистрација на даночните обврзници за ДДВ.

Според информациите, во текот на јануари биле обработени барањата при што се извршила регистрација на 1.199 даночни обврзници, а за сите се донесени решенија за задолжителна и доброволна регистрација.

Во истиот период, по основ на поднесени барања за доброволна дерегистрација, прекината е регистрацијата кај 231 обврзник, за кои исто така се донесени соодветни решенија.

Рокот за поднесување на пријавите истече на 15 јануари.

Exit mobile version