Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година

    УЈП: Во тек е рокот за поднесување на барање за паушално оданочување (ДЛД-П) за 2026 година

    24.12.2025 во 18:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека е во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување (образец ДЛД-П www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1166/89-19-DLD-P_07.05.2019.pdf) за 2026 година.

    Паушалното оданочување, како што велат, претставува режим на поедноставено оданочување при кој даночните обврзници немаат обврска да водат деловни книги и деловна евиденција.

    -Во рамки на овој режим, обврзникот не поднесува даночни пријави и даночни биланси, туку данокот се пресметува и плаќа во паушален износ, утврден од страна на Управата за јавни приходи со даночно решение, врз основа на законски утврдени критериуми како што се: видот на дејноста, локацијата, очекуваните приходи и други релевантни фактори, прецизираат од УЈП.

    Нагласуваат дека право на паушално оданочување имаат самостојни вршители на дејност (СВД – занаетчии) кои поради определени околности, не се во состојба да водат деловни книги или на кои нивното водење значително им го отежнува вршењето на дејноста.

    -Ова право го имаат даночни обврзници кои дејноста ја вршат исклучиво со сопствен труд, без вработени лица. Примери за вакви обврзници се: крпач на кондури, бербер од помали места, постаро лице кое врши занает и други лица кои самостојно ја вршат својата дејност. Услов за користење на паушалното оданочување е даночниот обврзник да не остварува приходи повисоки од две годишни просечни бруто-плати по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, информираат од УЈП.

    Правото на паушално оданочување, додаваат, не се признава кај самостоен вршител на дејност кој: врши трговска, угостителска или комисиона дејност; вработува повеќе од едно лице, покрај самиот обврзник; има вложувања од други лица во дејноста; остварил нето-доход во годината што ѝ претходи на годината за која се утврдува данокот, повисок од две годишни просечни бруто-плати по работник во РСМ.

    -Сите самостојни вршители на дејност кои веќе се во режим на паушално оданочување или сакаат да преминат во режим паушално оданочување имаат право секоја година, најдоцна до 31 декември, да поднесат ново Барање (образец ДЛД-П) за наредната година, со цел продолжување на правото за користење на овој режим. За новорегистрираните даночни обврзници, рокот за поднесување на Барањето за паушално оданочување (образец ДЛД-П) е 15 дена од денот на регистрација во соодветниот регистар или пред започнување со вршење на дејноста, појаснуваат од УЈП.

    По доставените барања, нагласуваат, Управата за јавни приходи врши теренска проверка со цел утврдување на фактичката состојба, во однос на: местото на вршење на дејноста, опременоста и површината на деловната просторија, пазарните услови, како и други релевантни околности (старост и способност на обврзникот и сл.).

    За даночните обврзници кои ги исполнуваат условите, УЈП донесува Решение за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, односно до крајот на месецот што следи по месецот во кој обврзникот започнува со вршење на дејноста. Даночните обврзници кои ќе добијат Решение за паушално оданочување, истовремено добиваат и аконтативни пресметки и налози за плаќање на месечни аконтации. Уплатата на данокот се врши секој месец најдоцна до 15-ти, за претходниот месец со налогот од УЈП.

    Дополнителни информации и поддршка заинтересираните може да добијат на е-пошта: info@ujp.gov.mk и на телефоните 0800 33 000 и 02 3253 200

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.