Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УЈП со важно известување до граѓаните: Истекува рокот за даночните пријави, еве до кога мора да ги потврдите

    УЈП со важно известување до граѓаните: Истекува рокот за даночните пријави, еве до кога мора да ги потврдите

    27.05.2026 во 14:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година.

    Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба.

    По истекот на рокот, односно од 02 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи.

    Управата за јавни приходи во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во споредба со минатата година, кога беа генерирани 841.671 пријава. Досега, од страна на даночните обврзници се потврдени 27.788 годишни даночни пријави.
    Зошто е важно да ја проверите својата ДЛД-ГДП?

    • Врз основа на податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверенија за остварен доход и доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните.
      Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права.
    • Дополнително, доколку во 2025 година сте оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски или занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет, потребно е да се регистрирате за цели на ДДВ, или Управата за јавни приходи може по службена должност да Ве регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.
      Кај обврзниците кај кои во ДЛД-ГДП е утврдена обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, УЈП ќе генерира налог за доплата со фолио број, кој ќе биде содржан на третата страница од печатената даночна пријава (PDF документот).
      Обврзниците кај кои е утврден повеќе платен данок имаат можност во самата пријава да поднесат барање за враќање на данокот.
      Управата за јавни приходи апелира до даночните обврзници, пред истекот на рокот, да ги проверат своите годишни даночни пријави и, доколку податоците се точни, истите да ги потврдат, а доколку не се согласуваат со изнесените податоци, да ги коригираат.
      Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.