УЈП предупредува: Ако издавате имот за краток престој, доходот мора да го пријавите

 


Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават доходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други.

Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што  се остварува намален за износот на следниве нормирани трошоци:

10% од износот на доходот (за неопремен простор).

15% од износот на доходот (за опремен простор).

Пријавувањето на доход од издавање на недвижен имот се врши задолжително до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање. Пријавата заедно со соодветни докази се поднесува електронски (е-ППД)  преку системот „е-Даночни услуги”.

„Бидете одговорни даночни обврзници, навремено и точно пријавувајте и исполнете ги  вашите даночни обврски. Не заборавајте дека пријавувањето на доходот е законска обврска и ќе ви помогне да избегнете стрес и санкции“ се вели во соопштението на УЈП.

16.12.2024 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега