УХМР соопшти какво време не очекува за претстојниот викенд


Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

УХМР соопшти дека утре и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Утре претежно во јужните делови, а во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

18.04.2024 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега