УХМР со временска за целата недела- викендов повторно дожд

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

До сабота, како што соопшти УХМР, ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега