Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително нестабилно, а во многу делови од земјата се очекуваат поројни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи, локално процесите ќе прераснат во невреме проследено со пообилен пороен дожд кој ќе надмине 20 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина од над 70 километри на час и услови за појава на град. Минималната температура се движи во интервал од 6 до 13, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје се очекува слично променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 21 степен.
Во наредниот период ќе се задржи променливо облачно време, но со повеќе сончеви периоди во текот на денот. Сепак, на локално ниво и понатаму ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Веќе утре повторно се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и град, додека во недела ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец.


