Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која членот на Централниот комитет, Валентин Манасиевски, упати жестоки критики до поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче. Во интегралниот текст од прес-конференцијата се тврди дека нивните политики нанеле трајна штета врз државните и националните столбови на Македонија.

„Почитувани, Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост. Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата.“

Партискиот функционер во своето излагање обвинува дека раководството на опозицијата е контролирано од странски политички центри поради минати криминални дејствија, што резултира со нарушување на меѓународниот углед на земјата.

„Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група бугарски политичари поради нивното криминално минато. За Зоран Заев и Венко Филипче терминот „северномакедонци” е гордост и успех на нивната политика која не доведе да бидеме држава со која другите се потсмеваат, потценуваат и не гледаа како потчинети.“

На крајот од прес-конференцијата, Манасиевски потсетува на претходните изборни резултати и прогнозира целосен политички пораз на СДСМ во иднина.

„Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија.“

Exit mobile version