Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла.

До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Exit mobile version