Денеска и во текот на целиот викенд, до понеделник, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални и повремено обилни врнежи од дожд.

Метеоролозите предупредуваат дека дождот ќе биде интензивен, со можност за развој на невреме придружено со засилен ветер и грмежи. На места се очекува да наврнат над 30 l/m2 дожд во текот на 24 часа.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Ќе дува умерен до засилен јужен, а во Повардарието југоисточен ветер.

Под влијание на влажната и нестабилна воздушна маса, ваквите процеси ќе траат до понеделник. Од вторник се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.

Exit mobile version