УХМР предупредува: Подгответе се за дожд, температурите ќе опаѓаат
Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Од УХМР најавуваат дека до недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во ноќните часови од недела кон понеделник ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе биде во опаѓање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа