Спуштање на постудена воздушна маса од север ќе донесе значителна промена на времето во четврток, кога на планините дождот ќе премине во снег, а дневните температури ќе опаднат за четири до шест степени во споредба со утрешните.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до сабота земјава ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе претежно облачно време со дожд.

Врнежите ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден и во четврток, кога се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Слична ќе биде состојбата и во Скопје, каде до сабота ќе преовладува облачно време со дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни, со проекции од над 15 литри на метар квадратен.

Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Exit mobile version