УХМР објави какво време нè очекува до среда

 

Времето утре во Република Македонија ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а дневните од 16 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 24 степени.

До сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.

09.06.2022 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега