Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.
Следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C.
Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.


